ноември 23, 2024

– Најмалку осум лица загинаа, а три се здобија со повреди во стампедо на политички митинг во јужната индиска држава Андра Прадеш, пренесе лондонскиот весник „Индипендент“.

Неколку илјади политички симпатизери се собраа на митинг на кој требаше да се обрати поранешниот главен министер на таа држава, Чандрабабу Наиду.

Метежот почна кога луѓето почнаа да се буткаат за да го видат лидерот на опозицијата и неговиот конвој како пристигнуваат на митингот.

Поради налетот на голем број луѓе, бетонската ограда пукнала и најмалку 20 лица паднале во одводен канал. Иако каналот не бил длабок, луѓето паѓале едни врз други, што довело до задушување и повреди.

Членовите на партијата на Наиду, Телугу Десам (ТДП), веднаш притрчаа да ги спасат жртвите, но две лица загинаа на лице место, соопшти локалната полиција. Останатите биле пренесени во блиската болница, но уште шест лица починале малку подоцна поради сериозноста на повредите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK