– Мирот меѓу Русија и Украина е можен следнава 2023 година, според предвидувањата на перуанските шамани.
Собрани на врвот на својот рид, облечени во традиционална облека од Андите, шаманите ја дочекаа претстојната нова година со обредот на прочистување… Со цвеќиња, темјан, змија и фотографии од украинскиот и рускиот претседател.
– Сѐ ќе се смири. Мирот, мир ќе дојде. Тоа го видовме!, изјави шаманот Клеофе Седано, предвидувајќи дека во август ќе биде потпишан мировен договор.
Шаманите предвидоа и повеќе природни катастрофи.
– Следнава година ќе има земјотрес, но не во главниот град на Перу, на друго место – во странство, во северниот дел на Америка, што би можело да биде САД… Ќе има многу трагедии, главно климатски, изјави шаманот Волтер Аларкон.
Обредот се изведува секоја година на крајот на декември.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, инаку, засилено го турка својот мировен план од 10 точки.
Следете не, не има насекаде