Смртта на генералот Маслов доаѓа веднаш откако рускиот крал на колбасите, мултимилионерот Павел Антов, беше пронајден мртов пред хотел во Индија.
Поранешниот командант на руската армија, генерал Алексеј Маслов, „ненадејно“ почина во Москва на 69-годишна возраст, соопштија од фабриката за тенкови каде што работел.
Машинската компанија Уралвагонзавод, најголемиот светски производител на тенкови, каде генералот Алексеј Маслов неодамна работеше како меѓународен претставник за продажба, не понуди дополнително објаснување.
Генералот Маслов беше врховен командант на руските копнени сили од 2004 до 2008 година. Уралвагонзавод го нарекува „извонреден командант кој направи храбро патување од командант на вод до врховен командант на копнените сили“.
Поранешниот воен командант, кој потекнува од рускиот регион што граничи со Украина, имал блиски врски со Киев.
Воената кариера на генералот Маслов започна во Советска Украина, каде што студираше на Колеџот за воени команданти во Харков. Подоцна бил стациониран на Карпатите на границата со Романија. По четири години командување со руските вооружени сили, Маслов беше назначен за заменик на Дмитриј Рогозин, тогашен руски претставник во НАТО во Брисел.
Рогозин е жесток поддржувач на руската инвазија на Украина, а минатата недела беше ранет во украински артилериски напад.
Инаку, смртта на генералот Маслов доаѓа непосредно откако рускиот крал на колбасите, мултимилионерот Павел Антов, член на партијата „Единствена Русија“ што го поддржува Путин, беше пронајден мртов пред хотел во Индија.
Следете не, не има насекаде