ноември 23, 2024

 Бугарскиот претседател Румен Радев на 3 јануари ќе го врачи вториот мандат за формирање влада на кандидатот за премиер, именуван од втората по големина пратеничка група во Парламентот – „Продолжуваме со промените“, соопшти синоќа Кабинетот.

Таа бугарска политичка партија за премиер го предложи Николај Денков – министер за образование во последната редовна влада на кабинетот „Петков“.

Бугарскиот Парламент претходно (12 декември) не ја даде потребната поддршка за кабинет со првиот мандат на политичката партија ГЕРБ со премиер Николај Габровски. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK