ноември 23, 2024

Турската централна банка синоќа ги изврши првите трансакции со дигитални турски лири, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на соопштение на Централната банка.

Како дел од првата фаза од работата на проектот Дигитална турска лира, успешно беа завршени првите трансакции за плаќање.

„Во првиот квартал од 2023 година, банката ќе продолжи со тие пилот-студии што се спроведуваат заедно со засегнатите страни од областа на технологијата“, се вели во соопштението на Централната банка.

Во 2023 година се очекува голем број турски банки и компании за финансиска технологија да се приклучат на креираната платформа за дигитални лири. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK