ноември 23, 2024

На 29.12.2022 во 14.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од  Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Истиот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата од  Струмица. При претрес во дом и други простории, сопственост на З.М., биле пронајдени 707 парчиња пиротехнички средства, а кај Е.Х. биле пронајдени 131 парче различни пиротехнички средства.
Сите лица се задржани во полициска станица, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Претреси во Радовиш и Струмица, запленети над 5.000 пиротехнички средства, приведени три лица appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK