ноември 23, 2024

Музичарот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска чекаат син. Тие направија забава со балони за да го откријат полот на бебето, а водителката Елена Најдоски, нивна блиска пријателка, објави видео од моментот кога дознаваат дека бебето е машко.

Павле и Ирина се во врска околу една година. Ирина е тетовчанка, која од 15 години е заљубена во планинарењето. Таа во 2020 година го искачи врвот Ама Даблам на Хималаите, кој претставува еден од најголемите предизвици за сите планинари.

Павле, пак, потекнува од познато угостителско семејство, кое веќе 12 години го работи единствениот хотел „Неда“ во Галичник, често сврталиште и на обичните луѓе, но и на многу наши јавни личности и гости од странство. Тој извесен период работеше и на брод каде што почна да се бави со музика, кога победил на талент-шоуто на бродот.

„На 27 години почнав да си го школувам гласот. Вљубен во медитеранската музика почнав да пеам и такви песни. Тоа ми донесе и интерпретации на песни по кои станав познат, но, конечно, и изведба на мои песни“, раскажува Камилоски. Неодамна ја промовира „Љубовна рапсодија“ и вели дека е задоволен како ѝ се допаднала на публиката.

 

The post Павле Камилоски и Ирина Дишовска чекаат син appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK