Ник Канон стана татко по 12-ти пат, а неговата партнерка Алиса Скот на Инстаграм ја објави информацијата. Канон и Скот го добија своето второ дете, ќерката Хало Мари Канон, која се роди на 14 декември.
Скот објави емотивно видео по нејзината втора бременост, откако нивниот син Зен почина од рак на мозокот на пет месеци.
„14 декември 2022 година. Нашите животи се сменија засекогаш. Зен е во секој мој здив. Знам дека неговиот дух беше со нас во собата тоа утро. Знам дека нè гледа одозгора. Тој ми дава знаци секој ден. Ќе го ценам овој спомен засекогаш“, напиша Скот.
The post Ник Канон стана татко по 12-ти пат appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде