ноември 23, 2024
Нема смисла одржување на референдум, нема смисла ниту повторно да има предвремени парламентарни избори, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, за бизнис магазинот „Капитал“.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Според него, нема поента да се отвораат овие прашања кога „преговорите со ЕУ се веќе започнати“, а Владата „добро менаџира со предизвиците предизвикани од војната во Украина“.

„Во оваа наредна фаза на скрининг процес, треба да се фокусираме на спроведување на реформската агенда, брзо напредување во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ. Билатералниот скрининг ќе донесе поголем поттик за реформи во земјата. Тоа е важен дел од процесот и потврда дека Северна Македонија се движи во вистинската насока“, оцени Маричиќ.

Тој е убеден дека ако се завршат уставните измени, земјава има шанса многу побрзо да напредува во процесот на европска интеграција, а промените во пракса ќе можат да се прават многу побрзо.

Прашан како власта планира да ги направи уставните измени, со оглед дека опозицијата сè уште стои цврсто на ставот дека нема да гласа за отворање на Уставот и згора на тоа бара предвремени избори, Маричиќ сепак оптимист дека напорите на Владата и парламентарното мнозинство да создадат, како што вели, поволна атмосфера за да дојде до тие две третини гласови кои ќе поддржат уставни измени „кои содржински за никого не се спорни“, ќе вродат со плод.

„Тоа јавно го кажуваат, дури и оние партии кои сега се противат на Францускиот предлог, дека немаат против внесување на уште две, три или четири заедници во Уставот. Наместо предвремени избори, мислам дека е многу поважно и попаметно опозицијата да ги надмине партиските интереси, да вложи напори и да учествува и во уставните измени и во процесот на преговори, за на дело да покаже дека е за напредок на државата и за нејзина европска перспектива“, вели вицепремиерот.

Цел на Владата и парламентарното мнозинство, заклучува тој, е успешен процес на уставни измени, брзо и темелно спроведување на европската реформска агенда и во 2030 Северна Македонија да биде членка на Унијата.

„Убеден сум дека ќе се најде начин и решение, со помош на меѓународната заедница преку нивна поддршка и присуство во земјава, но и со помош на граѓаните. На крајот, одговорноста е и на секој пратеник, но и на сите политички партии кои се во Собранието. Нивна должност ќе биде да објаснат пред граѓаните зошто, после 17 години чекање, сега кога ги започнавме преговорите не сакаат да одиме понатаму во евроинтеграциите. Ќе биде навистина голем штета ако опозицијата ја стави државата во ќорсокак или ја врати во чекалната и да чекаме уште десет години“, вели Маричиќ

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK