ноември 22, 2024

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и неговата шпанска колешка Алекси Путељас се прогласени за најдобри спортисти во 2022 година, а фудбалската репрезентација на Аргентина за најдобра екипа во изборот на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). 

Во машка конкуренција славеше аргентинскиот капитен и член на ПСЖ, Меси, со 962 гласови, пред светскиот рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис (373) и францускиот фудбалер Килијан Мбапе (366). 

Шпанската фудбалска ѕвезда Путељас ја освои наградата во женска конкуренција со 452 гласови, пред американската пливачка Кејти Ледецки (295) и светската рекордерка во трискок Јулимар Рохас (243) од Венецуела. 

Во изборот за екипа на годината триумфираа новите светски фудбалски шампиони, Аргентинците, со 1.399 гласови, пред фудбалската репрезентација на Мароко (381) и фудбалската репрезентација на Франција (252). 

Во гласањето учествуваа 420 спортски новинари од 113 држави. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK