Напуштена куќа и казино настрадаа во пожар во Ѓорче Петров. Огнот се појавил околу 10 часот и 30 минути, а како што тврдат очевидци, пожарот почнал од куќата која дели ѕид со казиното.
„Еве, од куќарката таму, до казиното. Не знам дали живее некој. Имаше бездомник, сега не знам“, „имаше пожар тука, дојдоа го изгасија, ама веројатно веќе беше зафатен покривот“изјавиа очевидци.
Луѓето веднаш го напуштиле објектот, огнот се проширил низ казиното а пламените јазици се закануваа да ги зафатат и останатите дуќани. Сопственикот на објектот, револтиран и со солзи во очите, вели, не знае како настанал пожарот.
„Гледаш ли што се случи. Од каде изби пожарот? – Од каде Јас да знам. Јас сум сопственик на ова и изгоре. Што да правиме? Од каде да знаеме што и како“
Пожарот го гасеа дваесетина пожарникари – во внатрешноста под маски и боци кислород, а на покривот се употребуваше специјална опрема за сечење. Од противпожарната бригада велат спречиле поголема катастрофа, бидејќи во објектот биле сместени и опасни материи.
Локалната власт во Ѓорче Петров, појаснува дека опожарениот објект не во нивна сопственствост.
Повеќе од два часа се гасеше пожарот во кој за среќа нема жртви.. За него немало телефонска пријава, туку информирала полицијата.
The post Напуштена куќа и казино изгореа во пожар во Ѓорче appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде