Ердоган додаде дека ИТ-персоналот кој работи во центрите за истражување и развој и во зоните за развој на технологијата ќе добие 100-отстотна поддршка за работа на далечина.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го претстави проектот наречен „Вработување за милион софтверски програмери“.
Ердоган присуствуваше на свеченоста во конгресниот центар во Претседателската палата во Анкара, каде што беше претставен проектот, и по тој повод говореше за плановите на Туркије во областа на технологијата.
Говорејќи за самиот проект, Ердоган рече дека 1.096.566 лица преку оваа програма го завршиле образованието, со што е надмината поставената цел. „Впрочем, поради големиот интерес“, наведе тој, „проектот ќе продолжи.“
„Одлучивме да го удвоиме бројот на обуки во системот следната година“, рече Ердоган, потсетувајќи дека државата за Технолошкиот пакет за поддршка во оваа област издвоила четири милијарди лири.
Ердоган додаде дека ИТ-персоналот кој работи во центрите за истражување и развој и во зоните за развој на технологијата ќе добие 100-отстотна поддршка за работа на далечина.
Тој напомена дека моментално ја спроведуваат законодавната процедура, како и финансиските стимулации за привлекување на меѓународните центри за податоци во Туркије.
Ердоган, исто така, потсети дека во изминатите неколку месеци ја искажале својата одлучност до 2030 година да се основаат 100.000 технолошки старт-ап компании.
„Од 25 на 100 го зголемивме бројот на професии кои ќе ги поддржуваме и за кои сметаме дека се наша иднина. Го продолживме траењето на програмата за обука на работното место од шест на девет месеци. И не само тоа, реализираме нови проекти и програми кои ќе ја зголемат вработеноста во различни области, а особено во ИТ-секторот“, порача Ердоган.
TRT Balkan
Следете не, не има насекаде