„Со секој ракетен напад, Русија само се вовлекува во подлабок ќор-сокак. Се намалува бројот на нејзините проектили. И секој проектил е само показател дека сево ова е потребно да заврши пред суд. Ќе биде токму така.“
Непријателот не се откажа од лудата идеја да го заземе регионот Доњецк, истакна претседателот на Украина, Владимир Зеленски, говорејќи дека најтешката точка на тековната војна против Русија во неговата земја е фронтот кај Доњецк, пренесува (АА).
Зеленски на својот профил на социјалните мрежи синоќа објави видео во кое потсети дека руските сили повторно ја нападнаа Украина во четвртокот со проектили и беспилотни летала.
Наведувајќи дека поголемиот дел од руските ракети и беспилотни летала насочени кон различни делови на Украина биле погодени од украинските сили за воздушна одбрана, Зеленски рече дека „се уништени 54 проектили и 11 беспилотни летала“.
Зеленски во пораката, наведувајќи дека проектилите кои ја погодиле енергетската инфраструктура предизвикале прекин на дистрибуцијата на електричната енергија во повеќе делови на Украина, соопшти: „Од оваа вечер, во повеќе делови на Украина има прекини на струјата.“
Зеленски во видеопораката вели: „Со секој ваков ракетен напад, Русија само се вовлекува во подлабок ќор-сокак. Се намалува бројот на нејзините проектили. И секој проектил е само показател дека сево ова е потребно да заврши пред суд. Ќе биде токму така.“
Посочувајќи дека засега најжешката точка во војната меѓу Русија и Украина е фронтот кај Доњецк, Зеленски истакна: „Најтешко е во Бахмут, Соледар, целата линија [на фронтот] во регионот Доњецк. Непријателот не се откажа од лудата идеја за заземање на регионот Доњецк.“
Зеленски ѝ се заблагодари на Украинската армија што не дозволила Руската армија да напредува во споменатата област.
Следете не, не има насекаде