Поранешниот холандски фудбалер и спортски директор на Антверпен, Марк Овермарс, бил примен во болница во четвртокот вечерта со благ мозочен удар, објави клубот.
„Во меѓувреме на Марк му е добро, но ќе мора да одмори некое време. Марк и неговото семејство се фокусирани на неговото закрепнување и не сакаат дополнително да коментираат. РАФЦ (Антверпен) му посакува на Марк брзо закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.
Овермарс (49) на почетокот на февруари ја напушти функцијата спортски директор на Ајакс, откако испрати непримерни пораки до неколку колешки.
Поранешниот играч на Арсенал и Барселона кон крајот на март беше назначен на истата позиција во белгиски Антверпен.
Следете не, не има насекаде