ноември 22, 2024

Марија Јанчевска (17), актерката позната по улогата на Елена во филмот „Сестри“ на Дина Дума и актуелна по улогата во македонската телевизиска серија за тинејџери „Тин камп“, носи убави спомени од снимањето на овие два проекта.

Првиот бакнеж пред камера го имав на 14 години, сцената ја снимавме неколкупати: интервју со актерката Марија Јанчевска

Импресиите од „Тин камп“ ѝ се свежи и е среќна што серијата за тинејџери ги исполнила очекувањата на публиката. Марија ја глумеше улогата на Сандра, популарна девојка во друштвото околу која се врти сè. Слична ваква улога играше и во филмот со кој се прослави – „Сестри“, па Марија вели дека не ѝ било тешко да се снајде во улогата.

„Беше прекрасно искуство и среќна сум што бев дел од проектот. Особено ме радува што нашите генерации сега може да ги гледаат своите врсници на телевизија и да се споредуваат со нив“, раскажа Марија за „Репортер“.

Да се снима серија е многу понапорано од филм бидејќи сетовите траат и по 12 часа. Треба да се даде максимум за улогата за да се изгради ликот во кој актерот остава свој печат, вели Марија.

Првиот бакнеж пред камера ѝ бил на 14 години, а сцената ја преснимувале неколкупати. Ова е филмското деби со улогата на Елена во „Сестри“, филм за кој наголемо се зборуваше.

„Улогата на Елена ми беше влез во светот на глумата. Режисерката ме праша дали сакаме пробно да снимаме пред сцената, но за мене тоа беше премногу трауматично и веднаш преминавме на снимање“, вели Марија и додава дека првпат дознала што значи да глуми во филм, кој, освен оние што се на сетот, го гледа и целата јавност. За потсетување, филмот се прикажуваше на „Нетфликс“.

Марија во филмот „Сестри“ е жртва на сајбер-напад и вели: по јавното прикажување на филмот кај нас, во реалноста се соочила со слична ситуација.

„Кога луѓето се занимаваат со ваков тип на работа, каде што ти самиот се изложуваш на јавното мислење, не можеш да се жалиш и секој има право да те коментира. Можеби тоа е најдобрата, а истовремено и најлоша страна од глумата. Работам на тоа и со какви луѓе одлучувам да се опкружувам. Имам огромна поддршка од фамилијата и нивните коментари ми значат најмногу“, раскажува Марија.

Таа досега имала соработки со познати македонски актери, како Катина Иванова, Снежана Коневска-Руси, Симона Спировска и Наташа Петровиќ. Нејзиното последно филмско појавување беше на краткометражниот филм на режисерката Сандра Ѓорѓиева, „Еден тон сладолед“. Марија ја сака и поезијата, има напишано три книги, а четвртата ја подготвува. Досега во нејзината актерска кариера има снимено 96 радиодрами, работела на синхронизација на цртани филмови, а неодамна беше водителка и на „Златно славејче“.

„На ‘Златно славејче’ одев цели 10 години, пеев две песни и пораснав со него. Од секогаш голема желба ми беше еден ден да го водам овој настан. И, годинава кога ја добив понудата, имаше навистина големо сентиментално значење за мене бидејќи уште како мала чекав да се дојде тој момент“, раскажува Марија и вели дека анимацијата на младата публика е нешто најискрено што може биде.

Слободното време го поминува со пријателите и со семејството и секогаш одвојува време за физичка активност и за вежбање. Следен проект во кој ќе се појави со улога е филмот во режија на Димитар Оровчанец, чија премиера треба да биде в година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK