Од почетокот на руската инвазија на Украина, најбогатите Руси изгубиле повеќе од 93 милијарди долари од своето богатство, пресмета Блумберг, пренесува рускиот опозициски портал Медуза.
РУСКИТЕ ТАЈКУНИ ОСТАНАА БЕЗ ГОЛЕМО БОГАТСТВО: Од почетокот на војната во Украина изгубија 93 милијарди долари
Според агенцијата, руските бизнисмени на 24 февруари изгубиле 46,6 милијарди долари. Во месеците по воведувањето на западните санкции, тие загубија уште 47 милијарди долари.
Според украинскиот Форбс, заедничкото богатство на најбогатите украински бизнисмени од февруари се намалило за повеќе од 20 милијарди долари, на 22,5 милијарди долари.
Според проценките на Блумберг, имотот на 500-те најбогати луѓе во светот ќе се намали за вкупно 1,4 трилиони долари во 2022 година.
Следете не, не има насекаде