Низ социјалните мрежи се прошири видео од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров како прави склекови за време на гостувањето во емисија на руската телевизија.
Видеото го објави американската новинарка Џулија Дејвис, која ги следи руските медиуми и објавува клипови со превод за да ја приближи руската пропаганда до западната публика.
„Во меѓувреме во Русија, Рамзан Кадиров реши да ги импресионира сите обидувајќи се да направи склекови“, напиша Дејвис во описот на снимката..
Кадиров е силен поддржувач на руската инвазија на Украина, а на почетокот на октомври најави дека во војна ќе испрати тројца негови малолетни синови. Неколку недели по таа објава, тој сподели видео од неговите тројца малолетни синови како му носат „подарок“ од бојното поле, тројца затвореници.
Украинската служба за безбедност во средината на ноември распиша потерница по Кадиров, а информациите за тоа беа споделени на веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи. Кадиров беше обвинет по три точки, вклучително и водење агресивна војна и извршување намерни дејствија насочени кон промена на границите на украинската територија.
Следете не, не има насекаде