ноември 22, 2024

Вака зборуваше Португалецот кога го прашаа дали ќе оди во Азија

Кристијано Роналдо (37) го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот и стана играч на тимот Ал Наср во Саудиска Арабија. Не така одамна „ЦР7“ беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, но минатото лето неуспешно се обиде да најде „топ“ клуб во Европа, потоа направи скандал по скандал во Манчестер Јунајтед, а потоа со Португалија доживеа разочарувачка завршница во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. За сето тоа време Роналдо очигледно стана свесен дека во оваа фаза од кариерата сепак треба да размислува пред се за парите, а дури потоа за фудбалот. И не толку одамна рече дека никогаш нема да дојде до тоа.

Во едно претходно интервју кое „излезе на површина“ откако Роналдо потпиша за Саудијците, Кристијано отворено кажа дека никогаш не би заминал на ваква егзотична дестинација. „Сакам да продолжам на високо ниво, не одам во Америка, Катар или Дубаи, тоа не е добро, не се гледам себеси таму. Сакам да завршам достоинствено, во добар клуб“, изјави Роналдо во интервју. Новинарот го прашал: „Не би сакал ли (да отидеш таму)?“, а Португалецот беше нагласен во одговорот: „Не“. Сепак, оваа зима се се смени и тој заминува далеку од најдобрите клубови и најдобрите клупски натпреварувања, веројатно за да ја заврши кариерата во Саудиска Арабија.

Според договорот кој ниту еден спортист го нема потпишано во историјата, Кристијано ќе игра во таа земја во следните две и пол години. Тој ќе има 40 години кога ќе заврши со Ал-Наср.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK