ноември 22, 2024

Засега нема информации за жртви и штети

Американската воена база недалеку од нафтеното поле Омар во провинцијата Деир ез-Зор во североисточна Сирија е погодена од ракети, јави сириската телевизија. На базата беа истрелани неколку ракети, по што американски хеликоптери ја надгледуваа областа.

Засега нема информации за жртви и штети. Да потсетиме, Американците во 2015 година изградија девет бази на североистокот на Сирија, дел од земјата што главно е под контрола на Курдите кои ги сочинуваат Сириските демократски сили (СДФ). Дамаск се противи на американското воено присуство во земјата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK