мај 17, 2026

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Заев и Ципрас имале телефонски разговор и зборувале за важноста што ја имаат доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на Македонија, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Ципрас и Заев разговарале за политичките случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK