ноември 24, 2024

Озер беше обвинет за измама преку берзата за криптовалути „Тодекс“. Истрагата против него беше започната на 22 април минатата година, откако корисниците на неговата берза пријавија дека немаат пристап до нивните пари.

Албанскиот суд ја потврди екстрадицијата на Фарук Фатих Озер, основачот на берзата за криптовалути „Tодекс“, во Туркије.

Судот ја потврди одлуката на Основниот суд во албанскиот град Елбасан за екстрадиција, која беше донесена во ноември годинава.

Озер и неговиот адвокат не присуствуваа на рочиштето.

Судот изјави дека одлуката може да се обжали до Врховниот суд на Албанија.

Озер, по кого Туркиje распиша црвена потерница и беше објавена меѓународна потрага, беше уапсен на 30 август во Албанија.

Тој беше обвинет за измама преку берзата за криптовалути „Тодекс“. Истрагата против него беше започната на 22 април минатата година, откако корисниците на неговата берза пријавија дека немаат пристап до нивните пари.

Озер ја напуштил Туркије на 20 април, а по него беше распишана потерница од Интерпол на 23 април. Турското обвинителство во Анкара издаде налози за апсење на неколкумина осомничени во случајот „Тодекс“.

AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK