ноември 24, 2024

Поранешниот американски фудбалски репрезентативец Алекси Лалас (52), кој за време на Мундијалот во Катар беше ангажиран како стручен коментатор за телевијзта Фокс спорт, предизвика вџашување во јавноста откако објави седум предлози за подобрување на фудбалската игра. 

Поранешниот дефанзивец на Падова, Њу Ингланд, Канзас сити и ЛА галакси, меѓу друго, предложи да се укине изведувањето пенал, промена на правилото за офсајд, два бода за гол надвор од шеснаесетникот и воведување слободен удар од 35 метри за симулирање прекршок. 

Предлозите за неговата фудбалска „реформа“ предизвикаа бројни критики на социјалните мрежи, а за кратко време доби повеќе од 1.800 негативни коментари. 

-Само замолчи. Играше на светско првенство, а имаш помалку фудбалско познавање од мојот вујко, кој никогаш не гледал ниту еден натпревар. Поради вакви “генијалци” сме предмет на потсмев во светот, гласи еден од коментарите на предлозите на Лалас. 

Лалас од 1991 до 1996 година го носеше американскиот дрес и одигра 96 натпревари, постигнувајќи, притоа,  десет голови

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK