ноември 21, 2024

Легендарниот глумец Ентони Хопкинс прослави 47 години откако е трезен. За таа пригода сними кратко видео во кое сподели што мисли за алкохолизмот и општо за животот.

„Само сакам на сите да им посакам среќна нова година и да ви се пофалам дека денес ја славам 47 трезна година. Ова е порака која не е тешка, но се надевам дека ќе биде корисна. Јас сум лечен алкохоличар и знам дека има луѓе кои се борат. Во оваа доба на откажувања и омраза без компромиси, на децата кои се малтретирани само ќе им порачам да бидат добри кон себе си, да бидат љубезни и да се држат подалеку од токсични луѓе. Живејте го животот. Бидете горди на себе“, рече Хопкинс.

Глумецот се потсети и на времето пред пет децении пред да се отрезни. Рече дека тогаш верувал дека нема уште долго да живее, но дека дошол ден кога конечно си признал себе си дека нешто не е во ред и дека мора да се промени.

„Алкохолизмот не го разбирав како некој вид состојба, ментална, физичка, емоционална. Не го сваќав ни го зависност. Не сум експерт за дрога, ниту пак за било што, но знам дека сега најдов живот во кој никој не ме малтретира“, рече Хопкинс.

Им се обрати и на младите кои доживеале и биле злоставувани.

„Сакам да ви порачам на сите вас млади кои сте малтретирани. Да внимавате и да бидете горди на себе си. Не ги слушајте другите. Не дозволувајте да ве понижуваат. Депресијата е дел од животот, понекогаш и анксиозноста. Животот е тежок“, рече Хопкинс и рече дека е важно да се побара помош.

Ги советуваше младите да разговараат со некои во кои веруваат или со професионалци кои ќе им помогнат да го најдат вистинскиот пат.

„Каде и да сте, побарајте помош. Немојте да се срамите. Бидете горди на себе, што и да направите. Не дозволувајте некој да ве понижи“, рече глумецот.

Неговите зборови допреа до голем број ѕвезди и познати колеги, а особено емотивна беше манекенката Наоми Кембел која призна дека ѝ станал инспирација на патот кон лекувањето. На коментарите им се приклучија и Алек Болдвин, Хју Џекман и Мајкл Даглас.

The post Ентони Хопкинс прослави 47 години како е трезен, оддалечете се од токсичните луѓе и живејте го животот, порача глумецот за Нова година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK