Раперот Кание Вест наводно исчезнал откако бившиот менаџер го обвини за неплатени хонорари. Како што пренесе британски „Мирор“, Томас Џон, го обвинил Вест и му побарал 4,5 милиони долари.
Пред судот во Лос Анџелес рече дека не успеал да му ги достави судските документи на раперот бидејќи не можел да го најде. Тогаш почнаа гласините дека Кание исчезнал.
Томас тврди дека документите му ги доставил и на неговите три лични адреси, но тие никогаш не стигнале до Кание. Како што пренесоа некои од светските медиуми, Кание последен пат е виден пред неколку дена пред да биде обвинет од Томас.
За потсетување, раперот во последните неколку месеци се најде на мета на критики поради недоличното однесување на социјалните мрежи. Поради неговите антисемитски коментари и објави изгуби некои од неговите главни спонзори како „Адидас“ и Balenciage, по што изгуби и голем дел од своето богатство.
The post Кание Вест исчезна откако бившиот менаџер го тужи за неплатен хонорар appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде