мај 18, 2026

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле.

Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од неодамна нуди вистински мир и рај за очи а исто така е и магнет за странските туристи.

Сопственикот на комплексот, господинот Диме, ни открива дека покрај ресторанот ќе има и детско катче. За најмалите дечиња ќе има јавање на Пони коњче, а за ворасните има и АТВ авантура со нови четирицикли и исто така нуди уживање во недопрената природа со офф роад џип.

До самата Вила веќе се наѕираат новите бунгалови во кои гостите ќе уживаат во својот мир со прекрасен поглед кон борова шума. Исто така за љубителите на вода ресторанот располага со прекрасен базен.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK