мај 18, 2026



На една од зградите во Клиничка болница Тетово, градскиот уметник Аријан Џафери почна да изработува мурал. Изработката на муралот е во соработка помеѓу невладината организација Лоја и Клиничка болница Тетово, посочи министерот за здравство  во техничката Влада Илир Демири на денешната промоција на оваа активност. Станува збор за слика на мајка која во прегратка држи дете.

-За да се случат позитивни промени не треба многу средства, треба повеќе позитивна енергија, соработка меѓу луѓево и институциите па и невладините организации. Денес промовираме мурал, тоа е една мајка која носи во прегратка, едно дете. Симболиката е многу голема, во болниците се раѓа нов живот и се раѓаат новите генерации. Ова е направено во една соработка со невладината организација Лоја, уметникот Аријан кој се има изнамачено со скеле, донатор на скеле Јусуф,. Секоја една индивидуа, независно од кој сталеж, од која структура, ако сака да направи добро дело може да се снајде во општеството. Сакам после изборите да не грее позитивна енергија, дека ние може да направиме и уметнички дела и во болници, изјави Демири.

Од невладината организација истакнаа дека со оваа активност ја поддржуваат трансформацијата која се случува во Клиничка болница.

– Ние сме во суштина да го промовираме муралот дело на Аријан Џафери. Фактот дека ние одлучивме да соработуваме со Министерството за здравство, токму да ја поддржиме оваа трансформација која се случува во болницата овие три месеци што не сме виделе три декади. Болницата се место на индивидуална лоша меморија, освен место на надеж. Тетовска болница беше во еден момент и знак на колективна лоша меморија и ние ја видовме оваа трансформација и делото на Аријан е во таа насока, изјави Бујар Љума од Лоја.

Министерот за здравство рече дека во изминатиот период се прават обиди за трансформација на тетовската болница во подобра институција.

– Од инфраструктура се гледа, што се однесува за апаратура и снабдување има доста инвестиции во тетовската болница. Тоа се должи на позитивната желба на тетовчани кои сакаат да придонесат за тетовска болница. Буџетот и средствата се ограничени. Благодарение на позитивна енергија на тетовчани кои сакаат да имаат поквалитетна здравствена услуга е направено ова, рече Демири.

Тој рече дека ако продолжи да биде министер здравство, ќе се залага да се формираат регионални центри во Битола, Штип, Куманово и во Тетово.

– Јас сакав како менаџер на тетовската болница, Тетово да биде модел, според кој ќе се отсликуваат другите регионални центри. Реалноста е ова. Многу е далеку од Битола некој со карцином да патува до Скопје да прими терапија. По тетовската болница, амбиција ми е да се среди и болницата во Битола. Јас на три дена пред изборите однесов донација од 120 илјади евра за одделот за неонатологија и гинекологија во Битола. Во тек е реконструкција на одделот за цистична фиброза на Клиника во Козле. Има интервенции во амбулантите во затворот, кожна клиника има доста работи кои се преземени, а не можеле да се објават. Во суштина не многу битно, дали луѓето ќе зборуваат добро или лошо, рече Демири.

На крајот од изјавата тој потенцираше дека најважно е пациентите да имаат квалитетна услуга и да има каде ќе бидат згрижени, затоа што сите граѓани се потенцијални пациенти на здравствените институции. 

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK