ноември 23, 2024



Пазарот на паметни телефони со преклоп бележи брз раст во целокупниот пазар на телефони, така што „Епл“ (Apple) не може да остане надвор од овој тренд. Според порталот „Трендфорс“ (TrendForce), технолошкиот гигант за 2027 година го планира својот „Ајфон“ со преклоп.

За разлика од „Самсунг“, на пр. „Епл“ не сака екранот на идниот „Ајфон фолд“ (iPhone Fold) да има никакви набори. Неофицијално, веројатно се работи за софистициран механизам со преклопување што би бил функционален повеќе години. Познавачите велат дека „Епл“ сè уште „ги проценува спецификациите и перформансите на компонентите“ за првиот паметен „Ајфон фолд“, што би можело да потрае некое време. Ако овој уред навистина се планира за 2027 година, тогаш интензивниот развој на уредот најверојатно ќе почне следнава 2025 година.

Кинески „Хуавеј“, во меѓувреме, стана најпродаваниот бренд на телефони со преклопување во првото тримесечје од годинава, престигнувајќи го јужнокорејскиот бренд „Самсунг“.

Сепак второпласираниот би можел и да се врати на престолот по претставувањето на претстојните модели „Галакси Зет фолд-6“ и „Зет флип-6“ што пристигнуваат следниот месец. Има и уште еден пресврт. „Хуавеј“ наводно го подготвува првиот паметен телефон со троен преклоп за третото тримесечје од оваа година, па така, во тој период меѓу јули и септември – повторно „да му ја преземе славата“ на „Самсунг“.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK