јули 6, 2024

Имаме со што да се гоордееме: Андреј Темов од Кисела Вода е државен шампион во тенис!

Голема е мојата радост што денес нашата Кисела Вода доби државен шампион во тенис до 12 години.

Андреј Темов, кој честопати бил гостин во мојот кабинет, покажа како се креираат резултати кога некој е силно посветен на она што го сака. Овој извонреден успех е доказ за неговата посветеност, труд и талент, и ни покажува дека иднината на спортот во нашата општина е светла.

Имав чест и привилегија лично да го бодрам Андреј на овој важен настан и од срце му ја честитам победата.
Неговата истрајност и желба за успех се инспирација за сите нас.

Како градоначалник на Општина Кисела Вода, сакам да му посакам понатамошни успеси и да го охрабрам да продолжи да го следи својот сон.
Општина Кисела Вода ќе продолжи да го поддржува Андреј и сите други талентирани спортисти.

Како и досега, ќе обезбедуваме финансиска поддршка, но и одлични услови за развивање на спортските потенцијали. Силно верувам дека со правилна поддршка и инвестиции во изградба на спортската инфраструктура, нашите млади спортисти ќе можат да постигнуваат уште поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина и држава на највисоко ниво.

Честитки уште еднаш на Андреј Темов! Нека оваа победа биде само една од големата низа на успеси!
Фб статус на градоначалникот Орце Ѓорѓевски

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK