октомври 6, 2024

Малолетничка и 43-годишна струмичанка се повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила на булевар во Струмица.

Вчера во 15.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „сеат“ со германски национални ознаки, управувано од Ѓ.С.(35) од село Мокриево, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничката на мопедот, а со телесни повреди се здобила С.В., констатирани во Медицински центар Струмица, соопштија денеска во дневниот полициски билтен.

реклама

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK