Пејачот Јоце Панов подготвува нова песна со наслов „Во туѓина“. Минатиот викенд во Малта тој им испеа дел од песната на Македонците кои се на островот. Иако испеал само делче, Панов е презадоволен од реакциите што ги добил.
„Солзи во очите и неверојатни емоции имаше кај секој кој ја слушна песната на настапот во Малта и тоа само еден дел. Реакциите беа неверојатни. Сакав да ја изненадам публиката во Малта со нешто ново“, вели Јоце Панов.
Песната ќе биде снимена и на српски јазик, а за нешто повеќе од еден месец Панов вели дека повторно планира да оди во Малта за да сними и спот.
The post На нашинците во Малта Јоце Панов им испеа дел од новата песна „Во туѓина“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
