Една четвртина од корисниците на Интернет во Словенија користеле вештачка интелигенција (AI) во претходните три месеци, покажа истражувањето на Факултетот за општествени науки во Љубљана.

Дури 95 отсто од испитаниците користеле алатки за вештачка интелигенција од љубопитност, додека 82 отсто тоа го направиле за приватни цели, соопшти Центарот за социјална информатика на тој факултет, пренесе СТА.

Почеста употреба е забележана кај мажите, жителите на урбаните средини и лицата со висок степен на образование. Спротивно на тоа, невработените и пензионерите ретко користеле вештачка интелигенција.

Речиси половина од испитаниците, 48 отсто од нив, веруваат дека генеративната вештачка интелигенција значително ќе ги промени повеќето платени работни места во следните пет години, додека шест отсто се целосно убедени.

Истражувањето покажа и поделени мислења за употребата на вештачката интелигенција во образованието – 29 отсто од испитаниците експлицитно би ја забраниле неговата употреба, додека останатите биле поделени меѓу поддршка и противење на таквата забрана.

Во истражувањето учествувале 869 граѓани по случаен избор од централниот регистар на население на Словенија.