февруари 14, 2025 12:14:29 AM

Вчера во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека патничко возило удрило во велосипедист при што, велосипедистот се здобил со тешки повреди.

Како што соопштува МВР, несреќатасе случила на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола, каде „цитроен“ со битолски таблички управувано од 29-годишниот А.Г. од Битола удрило во 52-годишниот С.Г. кој управувал со велосипед.

„Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола“, се вели во полицискиот билтен.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK