февруари 14, 2025 12:28:07 AM

Завршниот турнир на Евролигата ќе се игра од 23. до 25. мај во Абу Даби.

Во соопштението се наведува дека Евролигата, Одделот за култура и туризам – Абу Даби и Етихад арената потпишале договор за домаќинство на Ф4 Евролигата во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Првото полуфинале е закажано за 23. мај од 16 часот по средноевропско време. Второто полуфинале ќе се игра истиот ден од 19 часот.

Финалето е закажано за 25. мај во 18 часот.

Билетите за Ф4 ќе бидат пуштени во продажба од 26 февруари.

Share

The post Абу Даби и официјално домаќин на Завршниот турнир appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK