декември 23, 2024

Германски епидемиолог во саботата изјави дека варијантата XBB.1.5 на новиот коронавирус може да се прошири во Германија и остатокот од Европа во наредните недели и да стане доминантна варијанта.

Можеме со одредена сигурност да предвидиме дека оваа варијанта ќе преовладува и кај нас, изјави германскиот епидемиолог Хајо Зееб од Институтот за превенција, истражување и епидемиологија Лајбниц во Бремен.

Истата варијанта е присутна кај речиси половина од бројот на новозаразени во САД, а се работи за рекомбинирана подваријанта која произлегува од спојување на фрагменти од две групи варијанти.

Два различни видови на BA.2 Omicron некако се споија за да го создадат ова, објасни Шина Круикшанк, професорка на Институтот за имунологија и воспаление на Лидија Бекер на Универзитетот во Манчестер, пишува euronews.next.

Под-варијантата XBB 1.5, е преименувана во Kraken по легендарното морско чудовиште, се верува дека настана помеѓу ноември и декември 2022 година во САД. Но, Cruickshank вели дека е премногу рано да се каже дали Kraken е поопасен од другите видови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK