Недостатокот на витаминот Б12 во организмот може да има сериозни здравствени последици.
Овој витамин служи за создавање на црвените крвни клетки, а игра и важна улога во развојот на нервите и може да влијае на составот на ДНК.
Колку сте постари, вашето тело се потешко го апсорбира витаминот Б12 од храната, а најголем ризик постои кај вегетаријанците и веганите.
Вашиот метаболизам едноставно не може нормално да функционира без витаминот Б12.
Во прилог прочитајте кои симптоми укажуваат на недостаток на витаминот Б12 во вашиот организам:
Не можете да останете будни
„Екстремниот замор е еден од првите симптоми за недостаток на витаминот Б12“, вели докторката Лиса Симперман, портпарол на академија за исхрана и диететика. Тоа е затоа што вашето тело се потпира на витамините кои носат кислород во вашите органи, објаснува докторката Симперман.
Ако спиете по осум часа во текот на ноќта и повторно никако не можете да останете будни во текот на денот, посоветувајте се со вашиот доктор.
Постојано ви е тешко
Ако сте постојано уморни, возможно е да ви недостига витаминот Б12.
Проблемот е во тоа што тој симптом може да биде последица и на други причинители, како на пример стрес или недостаток на сон.
Заборавате работи
Ова не се однесува на тоа ако понекогаш заборавате некои работи, како губење на клучеви и слично, туку ако заборавате како се вика вашиот роднина. Токму ваквата заборавеност може да биде симптом за недостаток на витаминот Б12.
Бледи сте и постојано имате вртоглавица
Ако ви недостига витаминот Б12, возможно е вашата боја на кожата постојано да биде бледа. Исто така, секојдневните вртоглавици можат да бидат јасна причина за загриженост.
Вашиот јазик има црвена боја
„Речиси половина од луѓето кај кои е заклучено дека се соочуваат со недостаток на витамин Б12 го губат чувството за вкус на јазикот и тој добива црвена боја. Лицата со недостаток на витаминот Б12 не го чувствуваат вкусот ниту на омилената храна“, вели нутриционистот Анџела Граси.
Следете не, не има насекаде