Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Велика Британија постигнала нов договор со Албанија за ограничување на бројот на илегални мигранти, како дел од мерките за забрзување на обработката на документите на барателите на азил.
Бројот на Албанци кои пристигнуваат во Велика Британија преку Ла Манш со мали чамци е зголемен во изминатите две години. Според податоци на британската Влада најголем број мигранти во Велика Британија влегуваат преку таа рута.
Сунак наведе дека на почетокот на следната година Владата ќе воведе закон, со кој ќе им забрани на мигрантите кои пристигнуваат преку Ла Манш да останат во Велика Британија.
– Ако нелегално влезете во Обединетото Кралство, не би требало да можете да останете овде, истакна Сунак во Парламентот.
Според него, оние кои влегле илегално ќе бидат приведени и брзо вратени или во татковината или во безбедна земја, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил.
– Не е сурово или бездушно да се растурат криминалните банди кои тргуваат со човечка беда … доста е, наведе Сунак.
Следете не, не има насекаде