Министерството за одбрана соопшти дека комплексните воени вежби се изведуваат по наредба на претседателот Александар Лукашенко.
Вооружените сили на Белорусија денес започнаа ненајавени вежби за проверка на борбената готовност.
Министерството за одбрана соопшти дека комплексните воени вежби се изведуваат по наредба на претседателот Александар Лукашенко.
„Воените сили ќе треба што поскоро да се префрлат во одредени области, да извршуваат инженерски задачи, да организираат безбедност и одбрана, како и да ги завршат мостовите на реките Неман и Березина“, се наведува во соопштението.
Се додава дека поради движење на воена опрема и персонал, сообраќајот ќе биде привремено ограничен на одредени јавни патишта.
Белорусија е близок сојузник на Русија и ѝ помогна во тековната офанзива против Украина.
Следете не, не има насекаде