мај 8, 2026

Вчера во 17.43 часот на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот В.М. од село Пирок, тетовско.

При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK