мај 9, 2026

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија


Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар на глисер. Благодарение на навремената и брза интервенција на езерската полиција и охридската противпожарна единица, спречена е поголема трагедија и пожарот е успешно локализиран.

Во моментов нема информации за повредени лица, а причините за пожарот сè уште не се познати. Надлежните служби се на терен и работат на целосно расчистување на случајот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK