мај 9, 2026

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди Педероба, во италијанската покраина Тревизо, јавуваат италијанските медиуми.
Според информациите, девојчето Адна Ислам било на излет со своето семејство – родителите Ихмет и Наила Ислам и помалите брат и сестра – кога за време на игра со други деца, се лизнала и паднала во реката. Силната водена струја веднаш ја повлекла и таа исчезнала од површината.

Родителите веднаш го пријавиле исчезнувањето, а на терен пристигнале дваесетина припадници на противпожарната служба од Тревизо, нуркачи, хеликоптер од одделот за летови на Венеција, како и беспилотни летала. Потрагата била отежната поради силните струи и непристапниот терен.

По неколку часа интензивна потрага, нуркачките екипи го пронашле телото на девојчето заглавено меѓу карпи во дел од реката со брз тек. Докторите кои биле на теренот, за жал, само можеле да констатираат смрт.

Семејството на девојчето живеело во Кавасо дел Томба. Локалните медиуми потсетуваат дека ова е втор ваков трагичен случај во реката Пјаве за само десет дена, по смртта на 21-годишно момче кое се удави при нуркање во областа Фагаре.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK