мај 8, 2026

На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола.

При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.

Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK