мај 18, 2024

Што крие приватниот живот нанајпознатот пејач на денешницата?

 

 

 

Познатиот пејач Роби Вилијамс е еден од најуспешните поп-уметници на сите времиња. Неодамна се најде во центарот поради големата европска турнеја, на која ги отпеа своите најголеми хитови.

 

И покрај тоа што многумина му завидуваат на неговиот успех, неговиот живот не е толку едноставен, додека борбата со психичките проблеми му стана секојдневие.

 

Имено, тој во 2019 година објави шокантна исповед, која одекна во јавноста како гром од ведро небо. Пејачот откри дека три години бил заробен во куќата – затвореник на сопствениот ум. Пејачот страдал од агорафобија, што значи дека се плашел од отворени простори. Големата и тешка борба траела од 2006 до 2009 година.

 

Роби откри дека поминал три години на каучот јадејќи чипс и гледајќи телевизија, а во тоа време Ајда Филд, неговата сопруга, влегла во неговиот живот и успеала да го „извлече од куќата“ и повторно да излезе во јавноста.

 

Двојката се венча во 2010 година, а подоцна доби три деца: Теодора Роуз (6), Чарлтон Валентин (4) и Колет Џозефин (11 месеци).

 

Кога го добивме првото бебе, мојата сопруга беше загрижена дали се омажила за вистинската личност, бидејќи тогаш се криев и првите три месеци само ја играв играта (ФИФА). Првите три месеци од животот на нашето бебе, јас ја играв играта, а Ајда ми рече: „Сигурна сум дека си добар човек, но што правиш?“ По три месеци излегов од мојата „пештера“ и дури тогаш бев подготвен да се соочам со одговорноста и да бидам татко“, призна пејачотво една прилика.

 

Пејачот добар дел од животот водел тешки психички битки, а дознал и дека куќата во која живеел била изградена на гробишта.

 

Да останев во таа куќа, ќе се убиев, призна еднаш.

 

Роби тогаш рече дека во таа куќа вратите постојано се заклучувале сами, дека слушал музика во некои соби и чекори кога бил сигурен дека во таа куќа нема никој освен него.Затоа влетал во автомобилот и се сокрил на задното седиште.

 

Познато е дека во тој период Роби користел кокаин.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK