Три дена пред објавувањето на документарецот на Нетфликс, принцот Хари и Меган Маркл пристигнаа во Њујорк.
Папараците ја „уловиле“ двојката на патеката за приватен авион кој слетал во Њујорк. Тие им се насмевнале на папараците и биле во друштво на пријатели.
За летот, војводата од Сасекс се одлучи за бела кошула со копчиња и црни панталони, додека неговата сопруга носеше целосно црн изглед, со предимензионирани очила за сонце. По излегувањето од аеродромот, парот се качил во црн џип и се упатиле кон градот.
Harry and Meghan arrive in NYC. #RIPPLESFORHOPE2022 #HarryandMeghan #HarryandMeghanNetflix pic.twitter.com/lDE2vl0PFq
— ChrisBaronSmith (@ChrisBaronSmit1) December 6, 2022
Принцот Хари и Меган Маркл го објавија вториот трејлер за нивната документарна серија, чија премиера ќе биде прикажана на Нетфликс на 8 декември. Во него, синот на кралот Чарлс III го нарекува животот во кралското семејство „валкана игра“.
„Постои хиерархија во ова семејството, знаете, протекуваат информации, се местат ситуации. Тоа е валкана игра“, вели принцот Хари во најавата нагласувајќи дека вистината ја знаат само тој и Меган за нивните сопствени животи во кралското семејство.
Следете не, не има насекаде