„ЗЛОБНА е и ужива затоа што СТРАДАМ!“
Свршеницата на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е во Катар, каде што од трибините го бодри својот партнер за време на Светското првенство. Објавени се слики од неа и децата од луксузната ложа на стадионот и додека таа ужива во богатството, нејзината полусестра Патриција Родригез ѝ упатува страшни обвинувања за неа.
Слушнав многу гласини за ова во семејството. Таа се срами од мене и се смее, ужива во мојата моментална ситуација, рече Патриција во шоуто на Socialite, нарекувајќи ја сестра си „кучка“ и велејќи дека таа е „злобна личност”.
Јас не сум човек што сака конфликти, ниту сакам да ѝ се лутам на неа. Мислам дека треба да разговараме за тоа што се случило и да го надминеме тоа, истакна таа и додаде дека не побарала ни евро од Џорџина.
Никогаш не барав од неа да ми даде пари, единственото нешто што ја замолив беше да им помогне на моите деца.
Како што рече, таа помош би била поврзана со набавка на книги за училиштето. Одговорот се’ уште го чека.
Патриција нагласи дека Џорџина лаже дека ѝ бара финансиска помош и се закани дека ќе објави „интересни“ информации за неа.
Полусестрата на Џорџина Родригез од татковата страна, во претходната исповед изјави дека таа и нејзините деца понекогаш немаат ни храна, а потоа спомена дека ѝ се обратила на свршеницата на Роналдо исклучиво поради своите деца. Откри дека славната богаташка никогаш не ѝ помогнала.
Со Џорџина во Катар е и нејзината друга сестра Ивана Родригез, со која е многу блиска.
Следете не, не има насекаде