Триумф против Тунис може да значи и прво место во групата во Плоцк, што пак би ја одвело Македонија во борба за 25. место, највисоко можно во овој сегмент од Мундијалот. Ако се суди од дуелот со Алжир, момците во црвено-жолто тоа го заслужија, меѓутоа Тунис е поквалитетен ривал од Алжир и денешниов меч ќе биде нова приказна.