септември 23, 2024

Секој човек во светот си ја има најдено својата удобна позиција за спиење, но сигурно не претпоставува дека одредени положби можат да предизвикаат здравствени последици.

 

 

 

 

Всушност, единствена здрава положба за спиење е на грб. Тогаш ‘рбетот и вратот имаат најнеутрална и најприродна положба и ќе се поштедите од болки во грбот. Кога спиете на грб, никаде нема дополнителен притисок, ниту на колковите, ниту на рамениците, ниту на градната коска.

 

Интересно е тоа што спиењето на грб е најмалку популарна положба, околу 8% од возрасната популација. Од друга страна, најмалку 40% спијат во познатата фетус-положба.

 

Спиењето на грб не е препорачлуво за трудниците и за оние кои страдаат од ноќна апнеа. Бремените жени најдобро е да спијат на страна или во фетусна положба, бидејќи на тој начин не го попречуваат дотокот на кислород и хранливи материи до плодот.

 

Оние пак, кои имаат проблеми со застој во дишењето и зачестено ‘рчење, најдобро е да спијат на стомак. Имајте на ум дека ако спиете во лоша положба, ризикувате да се разбудите со трнење во екстремитетите, болки и иритирани нерви.

 

Затоа, доколку немате оправдана медицинска причина да не го направите тоа, обидете се да ја применувате положбата на спиење на грб.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK