септември 23, 2024

Четриесеттина дена откако Центарот за управување со кризи од самото место алармираше на опасноста од бездна на кејот на реката Вардар во Аеродром, а седум месеци откако ЦУК ги информираше Град Скопје и Општината за опасноста длабоката дупка која се протега во должина околу сто метри се уште е необезбедена.

Додека Општина Аеродром и Град Скопје си ја префрлаат одговорноста, опасноста за скопјани е присутна, особено во зима во ноќните часови поради маглите и дождливото време.

Иако ЦУК алармираше неодамна, проблемот е многу поодамна за редовните посетители на кејот во делот меѓу хотелот „Русија“ и „Хилтон“ кои со години шетаат по ивицата од бездната.

– Проблемот постои со години. Делот што е предвиден за градење и на кој бее ископана дупка пред неколку години беше заграден кога се работеше на терен. Кога поради за јавноста непознати причини работите престанаа почна уривањето на оградата. Најпрво по неколку табли, а потоа крадците охрабрени поради тоа што никој не реагира ги украдоа сите табли, а тоа што остана беше искршено од силните ветришта. Среча во несреча е што со изградбата на мостот „Михајло Апотолски“ кај хоте „Русија“ беше затворена патеката на кејот па значително се намали бројот на луѓе од таа страна, иако се користеше. Дури откако ЦУК реагираше пак се актуелизираше проблемот, изјави за 24 Инфо редовен посетител на кејот.

Состојбата денеска е иста како и на денот на прес конференција која ја одржа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Бездната длабока триесетина метри, со безмалку вертикална страна која во должина од педесетина метри ја следи ивицата на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешаците, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена.

ЦУК веднаш по ријавата од граѓани во средината на јуни лани испрати известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност, по што од градот Скопје беа поставени знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда.

Ограда не беше поставена, а неколку дена по прес конференцијата гражаните ги пречека метална ограда преку патеката која го спречи нормалното движење.

Откако 24 Инфо објави дека е поставена ограда рагираа од Општина Аеродромсо која информираше дека оградата е поставена од страна на службите на Град Скопје без претходна консултација со службите на општината.

-Ве информираме дека од страна на општина Аеродром, согласно нашите законски надлежности, наложено е на приватната компанија која е сопственик на парцелата да го обезбеди просторот во точно определен рок, утврден од страна на општината.Воедно, потенцираме дека Општината Аеродром останува на ставот дека неопходно е надлежните институции соодветно да го обезбедат просторот, но со решение кое ќе биде соодветно за оваа локација и нема да го попречува нормалното движење на граѓаните, велат од Општината.голем дел завршиле во бездната.

Од Општина Аеродром побаравме одговори во врска со проблемот со необезбедената бездна, но не добивме одговор зошто сопственикот на парцелата се уште не ја заградил односно дали го испочитувал роот тоа да го направи, согласно на тоа дали му е наплатена соодветна казна, и ако не е дали поради непочитување на одлуките на Општината ќе добие кривична пријава.

The post Бездната на кејот во Аеродром уште зјае необезбедена, ЦУК џабе алармираше appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK