септември 23, 2024

Осуден силувач на дете помало од 14 години, кој бил во бегство од „Идризово“, каде лежел казна од 12 години затвор, попладнево е уапсен во Битола, соопшти полицијата.

„Денеска (27.01.2023) во 15.30 часот на ул.„Козјак” во Битола, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.К.(29) од Дебар. Тој бил осуден на 12 години казна затвор за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик (Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години), а бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување три години и 11 месеци од казната“, се вели во соопштението од МВР.

Осуденикот ќе биде предаден во затворот за доиздржување на казната.

The post Во Битола фатен педофил избеган од „Идризово“, осуден на 12 години затвор appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK