декември 26, 2024

Поразот од Хрватска (1-2) во вчерашното „мало финале“ на Мундијалот во Катар, кој ги остави без бронзен медал, разбирливо донесе голема нервоза кај фудбалерите на Мароко, меѓу кои имаше и такви кои претераа во неијзиното манифестирање и тоа во вербална пресметка со челниците на Светската фудбалска организација (ФИФА).

Тоа првенствено се однесува на ѕвездата на ПСЖ, Ашраф Хакими, кој целата лутина ја „извадил“ врескајќи му в лице на Џани Инфантино, првиот човек на светскиот фудбал. Скандалот да биде поголем, луѓето од ФИФА барале да се избришат снимките од овој срамен инцидент.

„Тој стоеше пред Инфантино, на помалку од пет сантиметри и му викаше за судиите. Беше чудно да се гледа“, изјави холандскиот новинар на НОС, Том Егберс.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK