Вчера, во СВР Охрид, од Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш. Ч. (40) од Кина.
„Според пријавеното, тој ги добил повредите околу 10 часот при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид – Кичево, кај с. Оровник“, велат од МВР.
Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.
Следете не, не има насекаде